Петар Печков
Објавено: петок, 30 мај 2014
Последното коло од Третата лига југ донесе возбудувања за велешките екипи кои настапуваат во овој ранг. Превалец играше дери натпревар за опстанок во Башино село, против Илинден.
Со победата од 2:1 на ова гостување превалчани се пласираа како 7-ми и во последен момент го обезбедија опстанокот, надминувајќи ја екипата на Младост од Удово. Илинден од Башино село кој оваа пролет играше слабо, на крај го зазеде 10-тото место и од есен ќе игра во Општинска фудбалска лига.
Во овој ранг останува екипата на Бабуна од Мартолци која на крај беше втора а во последното коло со 6:3 славеше над партизан од Обршани. Првак во оваа конкуренција е Вардар од Неготино кој со еден поен предност сигна до оваа позиција. Тој ќе игра бараж за пополнување за Втората лига.
Во трета лига од есен ќе игра и велешки Борец и првакот на Општинска фудбалска лига, кој преку бараж ќе треба да стигне до оваа конкуренција.
Tweet |