Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 ноември 2026
Превентивна активност со жителите на Општина Чашка, за заштита на шумите од бесправна сеча. Едукацијата била со жители од селата Лисиче, Горно Врановци, Дреново, Горно и Долно Јаболчиште.
„Во непосредна комуникација со граѓаните беше укажано на важноста од зачувување на шумскиот фонд, почитување на законските одредби и пријавување на бесправна сеча и други несовесни постапки. Посебен акцент беше ставен на законските санкции за бесправна сеча и предизвикување пожари, како и на потребата од континуирана соработка со надлежните институции“ – соопштија од МВР.
Целта на активноста е подигнување на јавната свест и поттикнување на одговорен однос кон природата и заедничката грижа за заштита на шумите.
фото МВР
| Tweet |






