Петар Печков
Објавено: недела, 02 јуни 2024
На излетничките места во околината на Велес, реализирана е превентивно-едукативна активност, дел на кампањата „Лето без пожари“. Таа се случуваше на излетничко - туристички локалитет „Езеро Младост“, река Бабуна и населба Отовица.
„Основна цел на кампањата е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, но и укажување за потребата од навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, со цел навремена и брза реакција на сите институции“- соопштија од МВР.
Едукативната кампања е реализрана од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.
„За време на активноста беше посочено на ризикот од зачестено палење на шумите при правење на скара, фрлање отпушоци, а беше упатен и апел за посебно внимание при престој на отворено за да се избегне опасноста од предизвикување на пожари од невнимание“- дополнија од МВР.
На посетителите од овие излетнички места во околината на Велес им бил поделен и едукативен материјал со едукативни препораки со цел подигање на безбедносната свест.
Фото МВР
Tweet |