Петар Печков
Објавено: сабота, 25 април 2026
На неколку локации во Велес, денес сабота беше реализирана превентивна сообраќајна активност под мото „Носи кацига, вози внимателно“.Се спроведоа полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај Велес.,при СВР Велес, заедно со претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и мото клуб „Носачи на крстот“ од Велес,
„Целта на активноста беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, со акцент на безбедноста на возачите на мопеди и мотоцикли. На возачите им беше укажувано на обврската за задолжително носење заштитен шлем, како за нив, така и за сопатниците. Преку заеднички пристап, особено кај младите возачи, членовите на мото клубот споделуваа искуства за безбедно возење и ја истакнаа личната одговорност на секој учесник во сообраќајот“ – соопштија од МВР.
Во рамки на активноста беше поделен и едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност – Скопје.
фото МВР
| Tweet |








