Петар Печков
Објавено: петок, 09 декември 2022
Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес денеска ја започна превентивната кампања под мотото – “Не користи пиротехнички средства“.
Таа има за цел превенција од употреба на пиротехнички средства во пресрет на претстојните празници.
„Мотивот на превентивната кампања е на граѓаните, пред се на најмладите, да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници, како и потенцирање на казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните“ - соопштија од МВР.
На повеќе локации во градот Велес, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Велес, делеле едукативни летоци за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника.
Tweet |