Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 октомври 2026
Три едукации за граѓаните извеле полициските службеници во Велес и Чашка.
Во Чашка е реализирана превентивна активност „Заштити го својот дом“, во рамки на кои ги советуваа граѓаните како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.
Во Велес е спроведена превентивни активности, за обврската и потребата од задолжително користење на сигурносен појас како за возачите, така и за останатите патници со цел зголемување на личната безбедност. Исто така, била нагласена обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот.
Вчера по повод 18 октомври, Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, во Велес е реализирана превентивна активност со цел на граѓаните да им се појаснат формите и начините на кои организираните групи го вршат овој вид на криминал и ги советуваа како да се заштитат себе и најблиските.
фото МВР
| Tweet |





