речник контакт

Превентивно едукативна активност „Носи кацига, вози внимателно“, за носење на заштитен шлем, од страна на мотористите

Во Велес активноста беше реализирана со членовите на Мото клубот „Носачи на крстот“

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Велес и Кавадарци, СВР Велес реализираше превентивно едукативна активност, за носење на заштитен шлем, од страна на мотористите. Акцијата е насловена  „Носи кацига, вози внимателно“ а во Велес беше реализирана со членовите на Мото клубот „Носачи на крстот“.

„Основната цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на сообраќајните правила, прописи и обврски за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, а посебен акцент беше даден на носењето на кацига, како на возачите на мопеди или мотоцикли така и сопатниците, како и нејзиното значење за безбедноста на учесниците во сообраќајот. Членовите на мото клубовите ги споделија и нивните искуства, пред се на младите возачи на мопеди или мотоцикли, потенцирајќи ја важноста од носење кацига“ – соопштија од МВР.

За време на активноста биле поделени и едукативни летоци изработени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Активноста ја реализираше Отсекот за превенција при СВР Велес, Одделението за полиција Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

фото МВР

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »