Петар Печков
Објавено: петок, 27 октомври 2023
Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес денеска, петокот на 27 октомври, на Градскиот пазар во Велес, спроведе превентивна активност за превенција од имотни деликти. Посебен акцент бил ставен за превенцијата од џебни кражби и измами врз постари лица и пензионери.
„Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, полициски службеници им укажуваа на мерките за заштита од вакви кривични дела, а им беа поделени и летоци со корисни совети“ - соопштија од МВР.
фото МВР
Tweet |