Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 август 2023
Сообраќајка на Пуста кула, пешак смртно настрада. Според сведоците, група на пензионери од Неготино, кој патувале на протесниот протест во Скопје, застанале на одмор на Пуста кула. Во тие моменти, еден од патниците , најверојатно за да оди по физиолшпока потреба, тргнал преку пат, при што бил прегазен од возило кое минувало. Оваа информација ја потврдија и од Сојузот на пензионерите.
„Денеска 14.08 август околу 09.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, кај зимски пункт Македонија, патничко возило „фолксваген голф“ со романски национални ознаки, управувано од Д.С.Ц.(41 год) од Романија, удрило во пешакот Д.С.(77 год) од Неготино“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес
„Во 9,50 ч. добивме повик за сообраќајка на Пуста кула. Кога дојдовме на местото , имаше лице кое лежеше на коловозот. Прегледот покажа дека има бројни повреди, политраума, и констатиравме смрт на лице место“ - кажа д-р- Сања Мишева од служба за Итна помош.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес.
Tweet |