Петар Печков
Објавено: четврток, 29 јануари 2015
Вчеравечер жител на Горно Оризари сторил сообраќајка, прегазил 4,5 годишно дете и побегнал. Според полицијата настанот се случил во 20,20 час. на регионалниот пат Велес - Чашка, во населба Превалец. До несреќата дошло кога непознато возило управувано од непознат возач удрил во 4,5 годишно дете од село Горно Јаболчиште, кое со мајка му чекале такси превоз, на земјено проширување на левата страна од коловозот. По несреќата, возачот побегнал. Детето со возило е пренесено во велешакта Болница , каде од страна на доктор е констатирана смрт.
Полицијата презела интензивни мерки за утврдување на идентитетот и пронаоѓање на возачот, при што во 22,50 час. Е.М. (28 год)) е пронајден и лишен од слобода во неговиот дом во село Горно Оризари. Утрово пронајден е патничкиот автомобил марка Фолксваген голф со велешки регистарски ознаки, кој возачот го оставил на патот кон село Фојница - општина Чашка.
Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото дете ќе биде пренесено во Институтот за судска медицина заради вршење обдукција.
Tweet |