Петар Печков
Објавено: сабота, 08 јуни 2013
На почетокот на судењето на главниот актер во аферата Викиликс Бредли Менинг на неговиот случај се повеќе се гледа како на нова верзија на Документите на Пентагон.
Сакајќи да стане познат, предавникот директно помогнал на непријателот, поради што во би требало да биде осуден со доживотен затвор, или пак млад и наивен хуманист кој само сакал светот да биде подобро место од што е.
Двата спротивни портрети, кои обвинителството и одбраната ги изнесоа на почетокот на судењето на Бредли Менинг 25 годишен војник кој пред три години на организацијата Викиликс доставил 700.000 строго доверливи воени и дипломатски документи, така многу се совпаднаа со исто толку спротивните ставови кои за него ги зазема јавноста.
Пред воениот трибунал, кој заседава во базата Форт Мид, на околу 40 минути возење од Вашингтон, во следните три месеци ќе бидат изведени околу 200 сведоци. Судењето веќе доби политички тониви, поради демонстрациите на поддржувачите на Менинг, а и поради контекстот: околностите дека владата на Обама стекна репутација една од нај агресивните кога се работи за борба против кодошите, покренувајќи против нив дури шест судски процеси (не сметајќи го случајот Менинг), што е повеќе отколку што во тој поглед направија сите досегашни претседатели заедно.
Мобилизацијата за поддршка на Менинг води преку социјалните онлајн мрежи, а резултат е дека над 20.000 луѓе со свои прилози овозможија да се основа фонд од 1,25 милиони долари за негова одбрана. Митинзи за поддршка оваа недела се планирани во околу 30 градови тука во Америка, во Австралија, Британија, Канада, Германија и Јужна Кореја.
За да покаже дека обвинетиот свесно направил предавство, занемарувајќи се што научил во текот на обуката за постапување со доверливи документи, застапникот на државата наведе дека тој во текот на службата во Багдад, над 200 пати го пребарувал Викиликс, дека дури поседувал и директен телефонски број од неговиот шеф Џулијан Асанж, кој го наведувал кои документи да му ги испрати и како да ги сокрие, дека влегувал во архивата со посебно заштитена компјутерска мрежа на која имал пристап.
Најтешкото обвинение против Менинг е тоа за помагање на непријателот. Како доказ за тоа наведен е фактот дека документите кои биле запленети во домот на Осама бин Ладен, по неговата ликвидација покажале дека водачот на Ал Каеда лично барал да му се достават сите материјали од Викиликс.
Бен Визнер, адвокат на Американската унија за граѓански права изненаден е од ваквиот пристап, коментирајќи дека – понекогаш она што може да биде корисно на непријателот, во функционална демократија истовремено е неопходно и за јавноста.
Во воведното излагање на одбраната истакнато е дека Менинг документите на Викиликс почнал да ги доставува во јануари 2010 година, под впечаток на фактот дека во неговата единица со овации била дочекана веста дека во една експлозија со поставена бомба не загинал ниту еден американски војник и дека славењето продолжило и по соопштението дека во таа прилика настрадало едно недолжно ирачко семејство.
Потоа бил огорчен и поради постапката на своите колеги во униформа кои со хеликоптер убиле група цивили, меѓу кои биле и двајца членови на телевизиската екипа на Ројтерс, оправдувајќи се дека од височина камерите на репортерите ги виделе како некое оружје. Поради тоа се одлучил за сите тие настани да ја информира јавноста, за да стекне вистинска слика за војната.
Поради ова на случајот на Менинг се повеќе се гледа како на нова верзија на аферата Документи на Пентагот.
Tweet |