речник контакт

Предаден во употреба кружниот тек кај Авона

Целта е намалување на сообраќајните гужви и да безбеден сообраќај во овој дел од градот

Петар Печков

Кружниот тек кај Авона, беше предаден во употреба, на Денот на Општината  9-ти ноември.  Без сечење на ленти, со потсетување на неговото значење, градоначалникот Славчо Чадиев го предаде во употреба. 

 Ова е капитален објект, кој го предаваме на нашите сограѓани. Им благодарам за трпението на возачите, соседите,  додека се градеше а  се изгради за  рекордно време. Ги оправдува нашите очекувања, да се намалат сообраќајните  гужви и да имаме  безбеден  сообраќај во овој дел од градот. Ова е деветти капитален објект од десетте  топ проекти не програмата на градоначалникот со кој ја доби довербата на граѓаните. За негова изградба обезбедени се сите документи, надзорот даде позитива оценка - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.   

Кружниот тек го изведуваа две фирми земјините Евроинжинеринг а асфалтирањето фирмата Гранит. Инвестицијата е вредна  6 милиони денари,  средства се обезбедени од Општинскиот буџет,а  осветлувањето е  со лед светилки.

Неговата изградба започна на 22 јули  а решението за неговата големина, според стручните служби била согласно законските прописи. Додаваат дека околу кружниот тек, не станувало збор за пешака патека туку за  простор, кој ќе овозможи ако некој од учесниците во сообраќајот има потреба да се искачи на неа. За да не се случувало како со кружниот тек во центар, пред НА-МА каде барем еднаш неделно тој се поправал од оштетувањата кои ги предизвикуваат возачите, удирајќи во бетонската  ограда.    При започнувањето на градбата на кружниот тек Авона,   беше најавено дека ќе биде реновирана  и фонтаната која е  во близина а за нејзино завршување биле потребни уште две седмици. Таа се реновира оти дел до водата завршуваше во подрумите во соседната зграда. 

При започнувањето на работите на изградбата на Кружниот тек Авона,  беше ветено дека улицата кој а го спојува со Трговскиот цента ќе биде двонасочна.  За да се реализира ова била потребна студија  која била порачана,, а потоа и дозвола, по што улицата ќе биде двонасочна.

 Новото решение на Кружниот тек Авона предизвика и намалување на паркинг просторот, па беше најавено дека за да се реши овој проблем ќе се гради паркинг позади маркетот Жито. Градоначалникот овој проект го најави за почетокот на следната година, кога  треба да се изгради.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »