речник контакт

Предаден во употреба новиот пешачки мост над Битолска пруга

Инвестицијата е вредна 3,8 милиони денари и ги спојува улиците Кумановска и Ченто

Петар Печков

Новиот пешачки мост над железничката пруга Велес – Битола беше предаден во употреба. Овој чин го извршија свештеници од Велешкото намесништво на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА.  Должината на  пешачкиот мост е  23 метри.

Изграден е по стандарди што обезбедуваат слободно и безбедно движење на сите категории граѓани, со пристапна патека за лицата со посебни потреби. Од двете страни на пругата патот води кон градинката, две основни училишта, кон средни училишта, кон железничката станица. Потребата од скратувањето на патот беше присутна со  години наназад.

Мостот е изграден по барање на граѓаните, кои со години  бара да се изгради ваков објект за тие побрзо да посакуваната цел во институции од овој дел на Велес. За мостот се обезбедени и добиени сите потребни документи, вклучувајќи го и атестот за безбедност на градежниот и монтажниот дел- изјави градоначалникот Чадиев.

Конструкција чини 3.100.000 денари, хортикултурното уредување околу него од двете страни е 700.000 денари, а севкупно општината за овој капитален објект издвои 3.800.000 денари. Тој ги спојува двете улици Кумановска и Методија Андонов Ченто. Камен темелникот на овој објект беше поставен на Денот на Општината 9-ти ноември.

Тогаш на овој чин присуствуваа сите советници од Општината,  кои фатија по една лопата во темелникот, а сега на пуштањето ги немаше тие од опозицијата. Објаснија дека поканата за отворањето им била доставена доцна вчера вечер.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »