речник контакт

Предаден е на користење далноводот 110 KV ТС Велес- ТС Овче поле

Изградбата траеше точно една година, далноводот е во долина од 21 км а инвестицијата е вредна 2,3 милиони евра

Петар Печков

Пуштен е во употреба новиот далноводот  кој ги поврзува трансформаторските станици Велес и Овче Поле. Неговата изградба започна на 18 декември 2022 година а заврши во предвидениот рок, пред завршувањето на 2023 година.     Ова е капитален инфраструктурен проект кој опфати  изградба на нов далновод  на постојната  траса на далноводот  стар повеќе од 60 години.

„Далноводот  е изграден за точно една година и го пуштаме во функција на граѓаните и стопанството од велешко- светиниколскиот регион, како дел од инфраструктурата неопходна за стабилно и доверливо снабдување со електрична енергија“ - кажа  директорот на АД МЕПСО  Зуди  Енуз.

Далноводот  110 KV  ТС Велес- ТС Овче поле, е со должина од 20,94 км и е поставен на 83 столбoви. Од нив целосно се заменети  56 бетонски и три челично решеткасти столбови а целосно е заменета старата опрема. Инвестицијата е со вредност од 2,3 милиони евра, од кои дел се сопствени средства на АД МЕПСО, а дел се заем од ЕБОР. Изведувач на работите е Конзорциум на Далекувод Загреб и  ЕЛНОС Бања Лука, а надзорот на градбата го вршеше  Столб Битола.

 фото ФБ /АД МЕПСО

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »