Петар Печков
Објавено: вторник, 13 мај 2014
Парите од саботниот хепенинг на ОО на Црвениот крст кој се одржа во Младинскиот парк, се наменети за членовите на Здружението на лица заболени од церебрална парализа од Велес. Собраните средства од 15-тина штандови се во висина од 13 илјади денари. Истите се предадени на оваа невладина организација.
Сакавме во рамките на транспарентно работење за кое се залагаме, ова да го покажеме во пракса. Граѓаните да знаат каде одат нивните пари кои тие ги даруваа. Сакаме да им помогнеме на оваа ранлива група која работи во нашиот град - рече д-р Милчо Трајков претседател нa ОО Црвен крст Велес.
Средствата ќе бидат наменети за плаќање на патувањето на лицата кои наредниот месец ќе заминат во Добре Воде Црна Гора на десетдневна рехабилитација. Благодарам на сите кои одвоија од својот скромен буџет и донираа – рече Далиборка Златева претседател на Здружението на лица заболени од церебрална парализа.
Со оваа манифестација општинскиот Црвен крст започна кампања за популаризација и афирмација на волонтерствотои филантропијата преку проектот Мојата приказна.
Tweet |