речник контакт

Предвремениот раскин на договорите со времено работените во Општина Велес, ја чини 1,7 милиони денари за исплата по добиена пресуда

Вработените ја тужеле фирмата ЕСИ, таа ја тужела општина Велес

Петар Печков

Општина Велес треба да плати 1,7 милион денари, поради предвременото раскинување на договорот за времено ангажирање на неколкумина вработени. Станува збор  за случајот од пред четири години, кога дел од вработените  им беа раскинати договорите.  Ова е според одлука по правосилно завршените судски спорови. Времено вработените во локалната самоуправа,  биле ангажирани преку агенција за времено вработување.  

 „На пет или шест лица им бил раскинат предвреме договорот и биле отпуштени. Тие тужеле. За некои од нив веќе добивме  барање за исплата на 1,2 милион денари за исплата, деновиве добивме и за  уште една пресуда со која се бара 500 илјади за затворање на процесот. Претходниот градоначалник бил советуван од правната служба дека  ќе се изгубат судските спорови. Општина Велес погрешната одлука ја кошта 1,7 милиони денари. Вработените ја тужеле фирмата ЕСИ, таа ја тужела општина Велес, и треба сега да ги исплатиме овие средства“ - кажа градоначалникот Марко Колев.   

Ова беше одговор на поставеното советничко прашање од страна на членот на Советот  Коста Нојков.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »