Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 јануари 2013
Најавеното издавање на дел до просторот од Пазарот во Нова Населба кој требаше да биде понуден на јавно наддавање за користење на одреден период нема да се случи. На последната седница на Советот оваа точка е симната од дневен ред, поради можниот судир на интереси оти е период на пред избори.
Претходно со одлука на Управниот одбор на ЈКП Дервен беше предвидено да се издава просторот од 500 м2 со јавна лицитација по почетна цена од 100 денари за квадрат, за изградба на супермаркет а за возврат корисникот ќе имаше обврска да го санира кровот, поради кој Пазарот е малку користен.
Од 200 тезги се користат само 35 и поголем дел до него е затворен за употреба. Велешани кои купуваат од ова пазарче, како и продавачите кои тука ги нудат нивните производи, често реагираа на лошите услови, кровот кој прокиснува.
Tweet |