речник контакт

Предистрагата во скопското обвинителството за 11-те полицајци кои постапувале за предметите за Росица која ја уби партнерот Илија, уште трае

На 26 септември лани е доставено известувањето од МВР до ОЈО специјализирано за дела сторени од полициски службеници

Петар Печков

Пет месеци минаа откако 11 полицајци од СВР Велес, МВР ги пријави до ОЈО специјализирано за дела сторени од полициски службеници за да се истражи дали имаат грешки при постапувањето за заштита на Росица Коцева, која го пријавувала  за насилство поранешниот партнер Илија Стефановски.

Тој ја уби во нејзиниот дом на 15 септември лани, претходно и татко и  Киро а потоа се самоуби. Од ОЈО специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања, соопштија дека активно работат на овој предмет, кој е уште во предистражна постапка.

„Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение активно постапува по известувањето доставено од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР. Предметот се наоѓа во фаза на предистражна постапка, при што се сослушани сите полициски службеници и други лица во својство на сведоци и се преземаат и други дејствија во насока на прибирање докази релевантни за случајот“ – одговорија од ОЈО  специјализирано за дела сторени од полициски службеници.  

Одделот за внатрешна контрола при МВР работи дали 11-те  полициски службеници постапувале спротивно на законските овластување. 

Сторителот на денот на убиството 15 септември ги прекршил двете активни изречени мерки забрана. Убиството на Росица Коцева и татко и Киро, поранешниот дечко на Росица, Илија Стефановски го сторил не ја  почитувал  изречената  забрана од Основен суд Велес а по барање на ОЈО Велес, да не го напушта живеалиштето односно престојувалиштето, градот Скопје. Сторителот  ден пред убиството недела или на самиот ден понеделник, заминал за Велес за да го стори тоа што го наумил, кога имал забрана за напуштање на Скопје.  Илија Стефановски  не ја почитувал и втората изречена мерка на претпазливост, забрана на приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со лицата Росица Коцева и  И. М. Сторителот бил во домот на таткото на Росица и ја чекал да дојде, за да ја убие и тоа со шест убоди од нож. 

По барање на Центарот за социјални работи Велес, Основен суд Велес изрекол  дополнителни три мерки кон Илија Стефановски, кои во судска постапка станале правосилни, со важност од шест месеци. Забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со жртвата директно или индиректно и  забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето на жртвата. Изречени предложени мерки се на сила  од 26 јуни 2025 година а  траат 6 месеци. Двојното убиство се случи на 15 септември 2025 година, во семејниот дом на Коцеви во Велес, во период кога на сила се овие забрани.

На 21 мај 2025 оштетената, поранешниот дечко Илија го пријавува во ОЈО Велес за неизвршување на судска одлука, бидејќи и покрај дополнителните мерки за заштита од семејно насилство изречени и во граѓанска постапка, тој не ги почитува и продолжува да и испраќа пораки и фотографии со обид да оствари комуникација со неа, а на 18 мај се приближил до нејзиниот дом го одзел на на друга локација го запалил автомобилот во сопственост на нејзиниот татко.

По оваа пријава, ОЈО Велес на 26 јуни 2025 издал наредба до МВР за обезбедување докази од телефонската комуникација, како и четири наредби за обезбедување снимки од видео надзор од различни локации во градот. По овие наредби полициските службеници  постапувале и не беа расчистени до денот на убиството. 

Пролетта 2025 година Илија  над Росица сторил две кривични дела загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство од 20 февруари  и за насилство од ноќта на 3-4 март за што  добива условна затворска казна. 

Од 21 јануари до  7 јули, Росица седум пати пријавила до СВР Велес дека е нападната, малтретирана, вознемирувана од Илија а полицијата соопшти дека постапила по сите пријави. Меѓу другото на 18 мај лани испишал графити по Велес со навредлива и заканувачка порака каде директно е наведено нејзиното име. На 19 јуни на влезна врата од продавница пронајдено е залепено „УСБ“ во кое имало фотографии и експлицитни снимки од неа и Илија.

Семејното насилство во Велешко лани е во пораст, зголемени се пријавите и во полиција и во Центарот за социјални работи. Судот изрече осум ефективни затворски казни за сторителите, 21 условна а во три случаи лицата се испратени на психијатриско лекување. Лани Полицијата регистрира и еден смртен случај, резултат на семејно насилство, токму тој на Росица Коцева, како и еден случај со тешка телесна повреда. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »