речник контакт

Предлог, Гемијата да се постави кај Мало мовче, за да привлекува туристи

Не е добро да стои затворена и се чува далеку од јавноста, да не се користи, вели членот на Советот Марјан Николов

Петар Печков

Членот на Советот Марјан Николов предложи гемијата, која до пред некоја година пловеше по реката како  дел до Вардарската регата, да се постави во Велес, кај Мало мовче. Таа би била можност за туристите да видат како пред стотина години се пловело до Солун и се тргувало од Велес со Западна Европа. .

„Во  годишнито извештај, за Вардарската регата,  пишува дека големата гемија, во догледно време  не верувате дека може да се користи за пловење по Вардар, бидјеќи такви биле условите. Не е добро да стои затворена и  се чува далеку од јавноста,  да не се користи, затоа мој предлог во Буџетот  за догодина да се предвидат средства за постамент и да се постави на кејот на река Вардар или покрај споменикот на Гемиџиите. Така ќе биде тристичка атракција, зад која ќе стои приказната за велешките тровци како ја носеле стоката до Солун и приказната зошто Гемиџиите така се нарекле. Приказната секогаш се продава. И така градот во некое догледно време, треба да развие приказни за да привлече туиристи. Тие ќе се сликаат и да остават средства при престојот во  Велес“ – кажа Николов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »