Петар Печков
Објавено: среда, 27 јануари 2016
Општина Велес до Министерството за образование го достави предлог планот за запишување на ученици во прва година во Средните општински училишта за учебната 2016/17 година. Планирани се 1122 слободни места во прва година во четирите средни школи, во истите насоки како и лани.
Во Гимназија има 306 места во 9 паралелки, заедно со една паралелка на албански јазик и две спортски.
Во Димитрија Чупоски, планирани се 238 ученика во 7 паралелки.
Во Коле Неделковски предвидени се 10 паралелки со 340 ученици во прва година во три и четири годишно образование. За разлика од претходните години, тука нема предвидено паралелки на албански јазик.
Во Економското ,,Јовче Тесличков,, се бараат 7 паралелки со 238 ученици.
Во јуни во Општина Велес, во основните училишта учат вкупно 354 деветтоодделенци. Од нив настава на македонски наставен јазик следат 328 ученици и 26 ученици на албански наставен јазик.
За следната учебна година се планира да се запишат во прва година 1122 ученика во 33 паралелки од кои 32 на македонски наставен јазик и 1 паралелка на албански наставен јазик, асе очекува да се запишат и деветтоодделенци од други општини. При тоа предлог планот ги зема предвид следните основи: просторни услови, соодветност на наставниот кадар, опременоста со нагледни средства, како и интересот и потребите на учениците, високо-образовните институции и работните организации - велат од локалната власт, која ги подготви овие предлози.
Tweet |