речник контакт

Предупредување, не ја пијте водата од бунарите и природните чешми, во комшии има туларемија

Извршена дератизација на канализацијата во Велес и јавните површини во повеќе велешки села кои се на исток

Петар Печков

Локалната власт    ги информира граѓаните од општината, дека водата за пиење од природните чешми на територијата на Општина Велес е со непостојан квалитет и не е погодна за пиење согласно прописите за безбедност на водата. Единствено водата од градскиот водоснабдителен систем и природната чешма во Башино село се со квалитетна и здравствено безбедна вода за пиење.

Во услови кога во непосредна близина на Општина Велес е прогласена епидемија од туларемија, Ви препорачуваме да ја користите само безбедната вода за пиење - велат од општина Велес.  Тие упатуваат апел до граѓаните за почитување на забраната заради заштита на нивното здравје и сигурност.

 Локалната власт презеде и други активности заради превенција, бидејќи општина Лозово и општина Велес се соседи на источната граница. Во селата Челошово, Кумарино, Отовица, Сујалари, Иванковци, Караслари, Мамутчево извршена е дератизација на јавните површини и на јавните чешми. 

Во Велес е извршена дератизција на канализационата мрежа, како што се бараше со предложените мерки.  Заштитени се сите изворишта, се поставуваат табли за предупредување. Не можеме миграцијата на глувци да ја сопреме, но ги презедовме сите мерки кои ги препорача Министерството и Центарот за јавно здравје. Роковите од седум дена, го исполнивме за два дена - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.   

Објавената информација во дел од медиумите, дека викендов има три нови случаи на туларемија во Каратманово, не е точна. Трите случаи се од пациенти од кои е земена крв за анализа во среда, резултатите беа готови во петок.. Екипи на центарот се на терен цело време,овој викенд се вршеше дератизација во селата Иванковци, Сујаклари и Мамутчево - изјавија од велешкиот Центар за јавно здравје, кој е регионален и го покрива и Лозово каде има повеќе случаи на туларемија.   

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »