речник контакт

Прекрасни сместувачки капацитети на езеро Младост, приодот и излезот од и до автопат лош

Репортажата на државната РТС со критика за патот кој не ги задоволува потребите на транзитните туристи кои се на минување од и кон Грција

Петар Печков

Српската  ТВ репортажа  на државната TB РТС, за патувањето од Србија до Грција , која секоја година донесува информации за овaа релација, годинава со сериозни забелешки за приодот од автопат до езеро Младост. Тие на сопствениците на неколкуте сместувачки капацитети им препорачуваат да извршат притисок до надлежните, да се уреди приодниот пат од автопат, после наплатна  рампа Сопот до езерото.

 „Ако некому посакувате добредојде, имате одлични ресторани, хотели, тогаш треба да им се пријде и на одличен начин.  Тука се градат прекрасни објекти  и не е возможно овој пат да не се среди“ - се вели во тв репортажата.

Ништо не  е подобра состојбата и во приодниот пат од езеро Младост до автопат Велес- Скопје, кај патарина Отовица.

Статистиката покажува дека Србите со години наназад се најбројните туристи во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »