речник контакт

Прекрасниот свет на фреските од црквата Св. Кирил и Методиј во Велес (фото)

Ексклузивни фотографии од внатрешноста на црквата која годинава ќе биде осветена

Петар Печков

Библијата низ слики. Таков е впечатокот за посетителот кој ќе влезе во новата црква Св. Кирил и Методиј во Велес. Таа се уште не е осветена, но ,,Телеграф,, влезе во неа, преку фотографија да ја пренесе сликата од внатрешноста.  Силен е впечатокот по првиот поглед на фреските, боите кои вештите мајстори така убаво го склопиле.

Во црквата нема ниту една педа празен бел простор, се  максимално искористено и нацртано.  Живописни се  околу две илјади метри квадратни.  Четири години  тајфата  ,,Св. Апостол Лука,,ги црташе ѕидовите на храмот, од 24 мај 2012-та до  28 август 2016-та.  

Ние сме соживеани со трудот, не можам да направам дистанца  надвор од самото сликање. Паралелно  додека го работевме живописот ние живеевме со него.   Како што го градевме него и ние самите се градевме, како ,,автори,,.  Строгоста на каноните е пренагласена во јавноста. Тие дозволуваат авторска интерпретација. Тоа се насоки кон што да се стреми самиот автор -зограф. Канонот е а само насока  што не смее да  биде изоставено од сликата, тоа е рамка каде да се движиме и интерпретираме  - вели Гоце Јанкуловски еден од авторите, дел од тајфата заедно со Ангел Миов, Марија Сотировска,  Борче Богоевски,  Дарко Петрушев.  О

свен оваа црква тие ја имаат живописано црквата Св. Богородица во Велес, Кнежинскиот манастир Св. Ѓоргија во Кичево,  капелата  на Св. Климент Охридски во Богословијата во Драчево.   

Постојат канони како се фрескоживописува една  црква.  Тоа е во прстени во централната купола секогаш највисоко е Христос. Под него во ова црква се  архангели, херувими –серафими. Тоа е една старо заветна претстава, како пеат на Господа. Потоа доаѓаат старо  заветните пророци. Во т.н. ,,женска црква,, во западниот дел од храмот имаме уникатна претстава на Откровение  на  Св. Апостол Јован. Низ целата црква имаме  многу претстави кои со часови можат да се раскажуваат. Бидејќи е посветена на Св. Кирил и Методиј низ повеќе слики ја има нивната мисија. Потоа мисијата на  Св. Павле кој е важен бидејќи ја споменува Македонија. Како и мисијата на Св. Пантелејмон кој е светец заштитник  на Велес  – вели свештеникот  Влатко Стоименов  секретар на Повардарската Епархија.    

Црквата Св. Кирил и Методиј во Велес  ќе биде осветена годинава.  Иконостасот е дело на резбарот, велешанецот  Љубомир Бисин. Тоа е одамна завршено, треба да се постави а на него и 20-тина икони, кои се исто така веќе нацртани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »