речник контакт

Прекршочни за навивачите кои ја прекинаа ракометната средба

Деветмина навивачи на ,,Гемиџии,, ќе одговараат пред суд. Дел од нви повторници, откако истото го сториле и пролетва на одбојкарскиот натпревар Борец - Шкендија

Петар Печков

 Деветмина навивачи  членови на навивачката група  ,,Гемиџии,, од Велес заработија прекршочни пријави, бидејќи насилно влегоа во теренот на салата ,,Гемиџии,, соопштија од СВР Велес.

Навивачите  во саботата на ракометниот натпревар Борец – Куманово во 46,46 минута влегоа на теренот незадоволни од залагањето на домашните ракометари и поразот кој се насетуваше. Еден од нив и го турна судијата Колевски од Скопје.

Поради ова средбата беше прекината. Заради нарушување на јавниот ред и мир и  прекршок на Законот за спортски натпревари, сите тие ќе одат на суд. Од полицијата велат дека бројката од двете пријави не е конечна, бидејќи по прегледувањето на снимките и идентификувањето на насилниците тие ќе поднесат и други прекршочни пријави.

Дел од нив веќе одговарале во Основниот суд во Велес заради идентични прекршоци, пролетва од одбојкарската средба Борец- Шкендија, кога исто така насилно влегоа  на теренот и искршија стотина пластични столици.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »