речник контакт

Преку викенд велешани во поголем број го прекршуваат полицискиот час

За четири дена во Велес четири нови случаи со ковид-19, а бројката на лица во самоизолација во велешко драстично падна, на само 22 лица

Петар Печков

Преку викенд велешани во поголем број не го почитуваат полицискиот час. Ова го покажуваат бројките кој ги достави на јавноста,  портпаролот  на СВР Велес, Верољуб Додевски. Така во петокот кон саботата имало четири регистрирани случаи, во саботата кон неделата десет а вчера попладне и вечер немало ниту еден. Или  вкупно тоа се 14 лица. За потсетување минатиот викенд бројката изнесуваше 20 лица. 

Заклучно со вчера во велешко биле во самоизолација  22 лица, во петокот 38, додека минатиот понеделник 122. И додека бројките кои МВР ги пласира и покажуваат намалување на бројот на лица во велешко во самоизолација, расте бројот на заразени од ковид -19. За изминатите четири дена, од петокот до вчера во Велес има нови  четири случаи на болни со корона вирусот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »