Петар Печков
Објавено: вторник, 10 март 2026
Oпштина Велес преку проект ангажира лица за теренско прибирање податоци за утврдување на данок на имот за физички и правни лица на територија.
За оваа задача потребни се 10 лица, кои според јавниот повик треба да бидат невработени. Освен ова кандидатите треба да имаат завршено минимум 4 години средно образование, да се државјани на Република Северна Македонија, до моментот на потпишување на договорот да не бидат во работен однос и да имаат основни познавања за работа со компјутер.
Ангажманот на избраните лица ќе трае најдолго до 31.12.2026 година, согласно Одлуката на Советот на Општина Велес.
| Tweet |




