речник контакт

Прелчец го симна лидерот од врвот (видео)

ФК Борец- ФК Академија Пандев 1:0

Петар Печков

Градски стадион Зоран Паунов

 судија Ставрев Скопје 

стрелец  Прелчец 80 мин. 

ФК Борец 1919: Мустафа,Пеев,  Стојковски, Ѓоргиев, Коцев (ж), Прелчец, Николовски, Ефтимов, Гавриќ, Христов (ж), Ристовски  играа и Трајков, Блажевски, Абаз

ФК Академија Пандев: Чубраковиќ, Јованов, Атанаскоски (ж), Димов, Стоилов,  Рајковиќ, Дориев, Велиновски, Томовски, Танушев, Маслаќ    играа и Стојкоски, Пандев, Илиев 

 Со голот на хрватскиот интернационалец Прелчец во 80-тата минута, ФК Борец 1919 го победи лидерот ФК Академија Пандев од Струмица и го симна од врвот. Мајсторијата на Прелчец кој со ефектен удар го совлада Чубраковиќ донесе голема радост и за домашните фудбалери но и за бројната публика. Како и пред седум дена против ФК Шкупи, Прелчец во финишот од средбата донесе победа зе неговито тим.  Во поголемиот дел од средбата  фудбалерите на ФК Борец ја имаа топката, ја контролираа играта и имаа повеќе удри кон гостинскиот голман. Можеби за тоа влијаеше повредата на гостинскиот најдобар играч Дориев, во петта минута.

По ова 12-то коло ФК Борец останува претпоследен деветти, со 14 бода, сите освоени дома. Но разликата помеѓу него и трето пласираниот ФК Шкупи е само три бода, што зборува за изедначеноста на екипите во Првата лига. 

Во следното коло велешани гостуваат на шампионот ФК Шкендија во Тетово, кому годинава не му оди и има само бод повеќе од ФК Борец 1919 и се петти.

Претходно в среда во Струга се игра реванш средбата од осминафиналето на фудбалскиот куп. Првиот натпревар со ФК Струга ТЛ одигран во Велес заврши без голови.  

фото Радица Дукова

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »