Петар Печков
Објавено: четврток, 13 август 2026
Пет филма се на репертоарот на Киноверзум Велес до следната среда.
Прремиера за „Крајот на Улицата на Дабовите“ - филм што ќе ве однесе во приказна полна со емоции, тајни и неочекувани пресврти. Понекогаш, едно место крие повеќе приказни отколку што можете да замислите.
Се прикажуваат и филмовите кои се на врвот по гледаноста.
Човек пајак –нов ден филм кој достигнува приход од две милијарди долари. Заборавениот Питер Паркер живее сам и целосно му се посветува на животот како Спајдермен сѐ додека сè поголемиот притисок не предизвика опасна промена и не се појави моќен нов непријател. Деноноќната борба против криминалот во свет што не се сеќава на него - и тагата што ги гледа старите пријатели кои продолжуваат без него - поттикнува промена кај Питер што тој можеби нема моќ да ја контролира. Но таа трансформација е можеби единственото нешто што може да ја запре ужасната нова закана за градот и оние што ги сака - моќен никаквец што никој не може ни да го види. Луѓето можеби го заборавиле Питер Паркер, но тој не ги заборавил нив. Том Холанд, Зендаја, Џон Бертнал јунаците од Одисеја и во Човек пајак –нов ден.
Одисеј митски акционен еп, работен според Хомеровиот еп Одисеја. По тројанската војна, Одисеј се соочува со опасно патување назад кон Итака, среќавајќи суштества како Полифемус, Сирените и Калипсо по патот.
Aнимираниот „Мињони и чудовишта“ е високо на листата по гледаност во светот. Бурна, смешна и вистинска приказна за тоа како Мињоните го освоија Холивуд, станаа филмски ѕвезди, изгубија сè, ослободија чудовишта на светот, а потоа се здружија за да се обидат да ја спасат планетата од хаосот кој го создадоа.
Кандскиот анимиран филм „Патролните шепи –Дино филм“. Јунаците патролните шепи слетуваат по бура на мистериозен остров со диносауруси, каде што го среќаваат Рекс, кученце што таму е заглавено. Tимот се соочува со својата најголема спасувачка мисија за да го спасaт островот.
| Tweet |




