Петар Печков
Објавено: четврток, 24 септември 2026
Четири филма се на репертоарот на Кинвоерзум Велс наредните седум дена, една премиера едно навраќање на филм блокбастер од 2019 година.
Премиера за американскиот филм „Срцето на ѕверот“, авантура, трилер со Бред Пит. Истовемено се соверска премиера се прикажува и во Велес. По страшна авионска несреќа, офицер на специјалните сили и неговото куче остануваат заглавени длабоко во дивината на Алјаска. Заедно, тие се принудени да водат сурова борба за опстанок против немилосрдната природа.
Големиот светски кино блокнастер од 2019 година на студиотo Марвел, Осветници крај на играта и повеќе Avengers: End Game (Re - release) се враќа на големото платно. пред премиерата на „Avengers: Doomsday“ закажана за 18 декември 2026 година, „Marvel Studios“ повторно го прикажува филмот „Avengers: Endgame“ од 2019 година. По разорните настани од Avengers: Infinity War, универзумот е во урнатини. Со помош на преостанатите сојузници, Avengers повторно се собираат со цел да ги поништат постапките на Танос и да ја вратат рамнотежата во универзумот.
На репертоарот на Киноверзум Велес е и најгледаниот филм во светот измиантиот викенд хоророт „Притаено зло“.Приказната следи еден несреќен курир задолжен да достави пратка до оддалечена болница. Тој набрзо се наоѓа среде епидемија и мора да се пробива низ орди од мутирани суштества за да преживее.
Се прикажува и анимираниот „Мињони и чудовишта“.
| Tweet |




