Петар Печков
Објавено: четврток, 18 ноември 2010
Текстот е напишан во 2008-та година и досега е одигран на сцената на театарот ,,Звездара,, во Белград и во градскиот театар на Истанбул Турција а велешката публика ќе ја има можноста да ја види третата постановка. Текстот го обработува животот и настаните денес, за секојдневните случувања, кој третира меѓучовечки односи, современ текст со современ проблем, транзицијата.
Ова е горчлива комедија за лагите. Содржината се врти околу еден интелектуалец, архитект кој сака да се самоубие. Околу тоа се вртат мноштво други приказни. Иако сум љубител на класични теми, ова беше предизвик за мене да работам современ текст, бидејќи тоа што се случува во претставата ни се случува на сите нас и е актуелно. Претставата е правена во наивистички дух, таа е забавна, со хумор но со силна позадина и прашањето што се случува со нас - Стојан Стојановски кој со велешкиот театар има работено на претстави на антички текстови.
Од велешкиот театар се среќни што ја добиле можноста да го играат ова дело по препорака лично од Ковачевиќ, кој ќе допатува од Белград да ја гледа премиерата. Тие очекуваат долговечност на претставата, како и со другите дела на авторот, Балкански шпион, Маратонците го трчаат почесниот круг, Радован 3-ти.
Во претставата, втора годинешна премиера во велешкиот театар, настапуваат Јордан Витанов, Едмонд Сотир, Славица Манаскова, Кирил Гравчев и како гостин од штипскиот театар Владимир Тулиев. Сценографијата и изборот на музиката се на Стојановски додека костимите на Тања Медарова.
Tweet |