речник контакт

Премиера во велешки театар, на ,,Вдовицата се мажи,,

Работена според едночинката „Мечка“ на Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски

Петар Печков

Во четврток вечер , на Големата сцена со почеток во 20 часот, Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес премиерно ќе ја изведе комедијата „Вдовицата се мажи“, работена според „Мечка“ на   Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски.

„Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе – вели за  претставата режисерот Крстевски. 

Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова како Попова, Васил Зафирчев како Смирноф и Младен Крстевски како Лука. Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова.

„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, напишана во 1888 година, која на комичен и атрактивен начин за гледање ја следи приказната за вдовицата Попова, која седум месеци е во траур по смртта на сопругот и одбива да излезе од имотот и да прима посети. Комуницира единствено и само со нејзиниот лакеј Лука и вработените на имотот. Кај неа ненадејно доаѓа Смирноф, артилериски поручник во оставка и кредитор кој си ги бара назад парите кои му ги должи покојниот сопруг на Попова.

Крстевски овој текст  го има работени  во Штипски  театар во 2014-та   и во Ерменија, во Ереван во 2016-та. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »