речник контакт

Премиера за психолошки трилер Верити, комедијата со Том Круз Дигер и српската комедија „Кенгур се враќа дома“

Се прикажуваат и двата големи филмски хита деновиве „Осветници крај на играта и повеќе“ и авантурата „Срцето на ѕверот“ со Бред Пит за пријателството помеѓу човекот и кучето

Петар Печков

Пет филма на репертоарот на Киноверзум Велес, три се премиери

Премиера во Киноверзум Велес за психолошки трилер Верити ја раскажува приказната за популарната авторка Верити Крофорд (Ен Хатавеј) и писателката на почеток од својата кариера Лоуен Ешли (Дакота Џонсон), која се сели на зафрлениот имот на Крофорд, каде што треба да пишува во нејзино име. Откако Лоуен ги открива морничавите автобиографски белешки на Верити, таа се бори со вознемирувачките и изопачени признанија за мажот на Верити, Џереми (Џош Хартнет), и тешко ѝ е да ја оддели фикцијата од реалноста. 

Премиера и за комедијата „Дигер“ со Том Круз. Најмоќниот човек во светот тргнува во очајна мисија за да докаже дека е спасителот на човештвото, пред катастрофата што самиот ја предизвикал да уништи сè.  
Премиeра и за српската црна комедија „Кенгур се враќа дома“. По завршувањето на брилијантната играчка кариера во Англија, каде што играше во Премиер лигата, и не толку брилијантната тренерска епизода во Лондон, Кенгур се враќа во Србија заедно со неговата темнокожа свршеница Електра. Пристигнува со стил, полн со планови и патриотски набој. 

Американскиот филм „Срцето на ѕверот“, авантура со Бред Пит. По страшна авионска несреќа, офицер на специјалните сили и неговото куче остануваат заглавени длабоко во дивината на Алјаска. Заедно, тие се принудени да водат сурова борба за опстанок против немилосрдната природа. Филм за пријателството, иако ова е мал збор помеѓу човекот и кучето. 

Во Киноверзум Велес се прикажува и најгледаниот филм во светот изминатиот викенд.    Големиот светски кино блокнастер од 2019 година на студиотo Марвел,  „Осветници крај на играта и повеќе“  Avengers: End Game (Re - release)  се враќа на големото платно.  пред премиерата на „Avengers: Doomsday“ закажана за 18 декември 2026 година.  По разорните настани од Avengers: Infinity War, универзумот е во урнатини. Со помош на преостанатите сојузници, Avengers повторно се собираат со цел да ги поништат постапките на Танос и да ја вратат рамнотежата во универзумот.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »