Петар Печков
Објавено: четврток, 26 март 2026
Шест филма се на репертоарот на Киноверзум Велес во наредните седум дена, три се премиери.
По хитот „Свадба“ време е за нова комедија, на слични мотиви „Спортска игра“. Претстава која е голем хит и со долги години извеба на таатар „Ѕвездара“ во Белград. Младата Маја решава да го запознае својот вереник, софистицираниот белграѓанин Павле, со својот татко Мацура, харизматичен сопственик на земунска фурна. Таа се обидува да го „исшлифува“ таткото пред судбоносниот семеен ручек, а Павле балансира помеѓу љубовта и влијанието на својата доминантна мајка, па на површина испливуваат генерацискиот јаз и длабоко вкоренетите предрасуди. Низ серија комични недоразбирања, приказната нѐ потсетува дека искреноста и прифаќањето се единствениот пат кон заедничка иднина, колку и да се различни нашите корени.Се прикажува петок, сабота, понеделник, вторник, среда.
Втората премеира е за хоророт „Ќе те убијат“. Кога млада жена прифаќа работа како слугинка во луксузен облакодер во Њујорк, таа мисли дека конечно го пронашла совршениот нов почеток. Но, како што излегуваат на виделина морничави детали за историјата на исчезнувањата во таа зграда, таа сфаќа дека зад сјајните ходници се крие затворена заедница со мрачни тајни која не дозволува никому да замине. Се прикажува четврток, петок, недела, вторник и среда.
Од среда 1 април се прикажува, заедно со светските кина и во Велес „Супер Марио Галаксија“. Филмот е анимирана авантура инспирирана од светот на Super Mario Bros и е продолжение на СУПЕР МАРИО БРОС, кој премиерно се прикажа во 2023 година и заработи повеќе од 1,3 милијарди долари низ целиот свет. Филмот е заедничка продукција на Universal Pictures и Nintendo, а Universal Pictures е глобален дистрибутер. Марио тргнува во вселената, истражувајќи космички светови и соочувајќи се со галактички предизвици далеку од познатото Кралство на печурките.
Се прикажува и филмот кој изминатиот викенд беше во врвот на гледаност по светските кина „Криенка2“. По преживувањето на смртоносна игра, Грејс и нејзината сестра Фејт сега мора да им избегаат на четири ривалски семејства што се натпреваруваат за моќен престол – победникот добива сè. Лов на жив човек, двете сестри до смрт.Се прикажува четврток, сабота, недела, понеделник од 20ч.
Хоророт „Вресок7“се прикажува еден месец во Киноверзум Велес. Ghostface се враќа - попаметен, помрачен и посмртоносен од кога било. Кога во градот каде што Сидни Прескот изградила нов живот ќе се појави нов убиец со маската на Гостфејс, нејзините најмрачни стравови се остваруваат кога нејзината ќерка станува следната цел. Се прикажува сабота и понеделник во доцниот вечерен термин.
И натаму пред гледачите е филмот, комедијата „Свадба“ која ќе биде прикажана четврток, недела и среда. Што се случува кога родителите им ги наметнуваат на вљубените млади предрасудите за раса, вера, обичаи традиции.
| Tweet |





