речник контакт

Премиера за хоророт „Подмолно- тие се меѓу нас“ во Киноверзум Велес

Се прикажуваат и Одисеја, Спајдер мен и анимираните „Мињони и чудовишта“ и „Патролните шепи –Дино филм“

Петар Печков

Пет филмови се на репертоарот на Кинвоерзум Велњс, следните седум дена, еден е премиера. 

Во „Подмолно: Тие се меѓу нас“, Амилија Ив ја игра Џема, младата мајка што ја одгледува ќерка си во куќата во која самата растела. Таа открива дека може да патува во оној свет, царството на изгубени души што се наоѓа во срцето на универзумот на Подмолно. Кога почнува да ја прогонува непознато зло, Џема открива способност што менува сè: таа не само што влегува во оној свет, туку е способна и она што живее таму да го врати назад во реалниот свет. Кога демоните ќе ја сфатат нејзината моќ, нашиот свет станува нивно сврталиште. 

Се прикажуваат и филмовите кои се на врвот по гледаноста. 
Човек пајак –нов ден, Спајдер мен, филм кој достигнува приход од две милијарди долари.  Заборавениот Питер Паркер  живее сам и целосно му се посветува на животот како Спајдермен сѐ додека сè поголемиот притисок не предизвика опасна промена и не се појави моќен нов непријател. Деноноќната борба против криминалот во свет што не се сеќава на него - и тагата што ги гледа старите пријатели кои продолжуваат без него - поттикнува промена кај Питер што тој можеби нема моќ да ја контролира. Но таа трансформација е можеби единственото нешто што може да ја запре ужасната нова закана за градот и оние што ги сака - моќен никаквец што никој не може ни да го види. Луѓето можеби го заборавиле Питер Паркер, но тој не ги заборавил нив. Том Холанд, Зендаја, Џон Бертнал јунаците од Одисеја и во Човек пајак –нов ден. 


Одисеј митски акционен еп,   работен според Хомеровиот еп Одисеја.  По тројанската војна, Одисеј се соочува со опасно патување назад кон Итака, среќавајќи суштества како Полифемус, Сирените и Калипсо по патот. 


Aнимираниот „Мињони и чудовишта“  е високо на листата по гледаност  во светот. Бурна, смешна и вистинска приказна за тоа како Мињоните го освоија Холивуд, станаа филмски ѕвезди, изгубија сè, ослободија чудовишта на светот, а потоа се здружија за да се обидат да ја спасат планетата од хаосот кој го создадоа. 

Кандскиот анимиран филм „Патролните шепи –Дино филм“. Јунаците патролните шепи слетуваат по бура  на мистериозен остров со диносауруси, каде што го среќаваат Рекс, кученце што таму е заглавено. Tимот се соочува со својата најголема спасувачка мисија за да го спасaт островот.

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »