Петар Печков
Објавено: четврток, 09 февруари 2017
Следниот петок, велешкиот театар ќе ја изведе прва овогодишна премиера, четврта од ланската програма , финансирана од годишната програма на Министерство за култура.
Тоа е ,,Ана Комнена,, мега проект како што го најавауват од театарот, голема, комплексна и многу атрактивна претстава . Автор на текстот е Сашо Димоски а режијата на Ненад Витанов и Васил Зафирчев.
Ана Комнена ја третираме преку две теми. Првата е женската, на Ана не и е дозволено да стане престолонаследник бидејќи е жена. И денес имаме сегрериња по пол, за жал . Ова е лична драма на една жена, која е воспитувана дека ќе биде кралица, имала образование и е подготвена да седне на престолот, но тоа право и е одземено. Втората тема која ја третира претставата е историскиот контекст, време слично на денешното. Кога на Балканот и Средниот исток се случуваат истите работи - изјави режисерот Ненад Витанов, кој претставата ја работеше заедно со уметничкиот директор на театарот и носителот на една од ролјите Васил Зафирчев.
Ова е праизведба текст второрангиран на конкурсот за отворање на зградата на велешки театар. Претставата е голема продукција не само поради техничко- технолошкиот карактер, туку поради темата. Таа е не е историска драма, туку современ драмско прочит, третира теми универзални во времето, за современите општествено политички случувања, го третира феноменот на власта. Сето тоа преку некрунисаната принцеза Ана Комнена, која никогаш нема да стане императорка на Византија, туку ќе стане светски позната по книгата ,,Алексијада,, напишана во чест на нејзиниот татко. – потенцира Зафирчев.
Во претставата настапува целокупниот ансамбл на велешки театар, плус тројца млади актери студенти од ЕСРА. Сите тие толкуваат историски ликови кои навистина постоеле.
Драмскиот текст е како од една историска вистина и фактографија да се создаде уметност, вистина која комуницира со сегашност. Текстот се заснова на три концепти, првиот е родовото устројство на светот, вториот е концептот на власта и третиот е позицијата на Бога од сите аспекти на човековото битие - изјави авторот на текстот Сашо Димоски.
Автор нa сценографијата е Валентин Светозарев, костимите се на Раде Василев,а втор на музиката е Сашко Костов додека видео дизајн на Данчо Стефков. Носечката улога на Ана Комнена ја толкува актерката Кети Борисовска
За овој лика е како да зборувам за вселената. Ана е најголемиот воин во борбата за добивање на нештата со правото кое ни следи по природен пат. Нејзиното најсилно оружје е што е апсолутна жена – рече Борисовска.
Сите нејзини колеги и подарија комплименти за нејзиниот ангажман во креирањето на улогата, и најавуваат дека таа нема да остави никого рамнодушен. Публиката тоа ќе го види на 17-ти февруари со почеток во 20ч.
Tweet |