речник контакт

Премиера на Бетија во велешки театар

Комедијата која е продолжение на ,,Мушичка,, вторник вечер пред велешката публика

Петар Печков

Вторник вечер премиерно во велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот премиерно ќе биде прикажана претставата ,,Бетија,, од Анџело Белоко Руцанте а во режија на Никола Ристов. Таа е продолжение на урнебесната комедија ,,Мушичка,, која четири години се игра во велешкиот театар со повеќе од 50 одиграни претстави.

Ова е интересно  искуство бидејќи  работевме тимски. Старите ликови се наоѓаат во нови ситуации , но внимававме  да не се повторуваме. Очекувам дека публиката ќе ја гледа и ќе има долг век – рече режисерот Ристов.

Тој ја најавува како бескрајно комична и забавна, ослободена од драматуршки стеги. Актерката Зорица Панчиќ најавува дека во претставата ќе има настап со турбо фолк песна. Иако претставата се подготвуваше повеќе од два месеци, актерите велат дека  тие биле подготвени, нив им останало да ги надградат ролјите, бидејќи таа е продолжение на првиот дел. 

Во ,,Бетија,, настапува истата актерска екипа од ,,Мушичка,, Зоран Љутков, Зорица Панчиќ, Јордан Витанов, Едмонд Сотир, Слободанка Чичевска, Кирил Гравчев  и Александар Георгиев.  Ова е прва премиера од годинашната продукција на велешкиот театар.     

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »