Петар Печков
Објавено: вторник, 22 октомври 2024
Велешкиот театар премиерно ја изведе претставата „Мачорот во чизми“ според приказната на Шарл Перо. Драматург е Катерина Момева а режијата е на Деан Дамјановски.
На премиерата присуствуваа децата од градинката „Димче Мирчев“. Истата потоа ќе се прикажува и за другите клонови од градинката но и за учениците од ниските одделенија од основните училишта.
Во претставата настапуваат: Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски, Кети Борисовска, Талија Настова, Самоил Стојановски, Благојчо Стојанов, Зорица Панчиќ, Весна Бобевски, Слободанка Чичевска. Сценографијата е на Филип Коруновски, Костимите на Катерина Чукниева, кореографијата на Маја Каревски, автор на музиката е Сашо Костов.
Ова е прва детска претстава на сцената велешки театар Јордан Хаџи Констнтинов Џинот, по неколку годишна пауза. Наменета е за деца од 4 до 12 години возраст. Финансирана е од средства на театарот.
Фото: ФБ/ театар ЈХ Џинот
Tweet |