Петар Печков
Објавено: четврток, 19 ноември 2026
Петок вечер, 20 неовмри во 20ч. на малата сцена на велешки театар премиерно ќе биде изведена претставата „Медеја“ на Артема- театарската лабараторија од Скопје. Таа е коавторски проект на драматургот Сашо Димоски и актерот Васил Зафирчев.
„Оваа Медеја, без Медеја и со Медеја, го поставува прашањето за чедоморството и прашањата што произлегуват од него. Поаѓајќи од документарни материјали, на сцената се испитува чедоморството. Во 39 случаи, 39 мајки убиле 39 деца, едно од нив неодамна во мајчина прегратка на скопска адреса“ – објаснуваат авторите.
Улогите во претставата ги толкуваат Тодор Стојковски, Бранко Михајлоски, Илин Јовановски, Никола Петковиќ и Леонида Гулевска. Композитор и изведувач на музика во живо е Дарко Спирковски.
| Tweet |




