речник контакт

Премиера на хорор трилерот со Хали Бери – “Никогаш не пуштај“

Четирите најгледани филмови во светот изминатиот викенд, се прикажуваат во 3Д киноверзум во Велес. Се прикажува и политичкиот трилер, македонскиот филм „Бизнисот на задоволството“

Петар Печков

Премиера има хорор трилерот „Никогаш не пуштај“ со Хали Бери, кој минатиот викенд по светската премиера беше на четврто место по гледаност.  Кога неискажливо зло ќе го зафати светот, единствената заштита за мајката и нејзините синови близнаци е нивната куќа и силната врска. Имајќи потреба да останат поврзани во секое време - дури и да се врзуваат со јажиња - тие мора да се држат еден до друг и никогаш да не се пуштат. Меѓутоа, кога едно од момчињата се прашува дали злото е реално, врските што ги поврзуваат се прекинуваат, предизвикувајќи застрашувачка борба за опстанок.

Во 3Д киноверзум се прикажува и наредните седум дена новиот македонски филм „Бизнисот на задоволството“.  Полиитчкиот трилер во режија на Гоце Цветановски  ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на најдобрата пријателка подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото.

Најгледаниот филм три седмици по ред во светот, хорор комедијата „Битлџус, битлџус“ е  со рекордна гледаност. Легендарниот дух Битлџус се враќа. Ова е продолжение на комедијата Beetlejuice од 1988 година, за дух кој е регрутиран да помогне да прогонува куќа. По семејна трагедија, три генерации од семејството Диц се враќаат дома во Винтер Ривер. Сè уште опседната од Beetlejuice, животот на Лидија се превртува наопаку кога нејзината ќерка тинејџерка, Астрид, случајно го отвора порталот за задгробниот живот.
 
Transformers One американски анимиран научно-фантастичен акционен филм, кој светската премиера ја имаше пред една седмица иако во Македонија се пракажува веќе две а оваа е трета недела. И веднаш по светската премиера е на второто место по гледаност. Го прикажува потеклото и раната врска на Оптимус Прајм и Мегатрон и како тие засекогаш ја промениле судбината на Сајбертрон, матичната планета на трансформаторите.


„Не говори зло“  е американски  трилер, кој по премиерата минатата седица имаше втора по посетеност во светските кина а овој виекдн трето место.  Одмор од соништата се претвора во кошмар кога американски пар и нивната ќерка го поминуваат викендот на идиличниот селски имот на едно британско семејство. „Не говори зло“ е базиран на сценариото од данската хорор сензација од 2022, Гости.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »