Петар Печков
Објавено: среда, 15 февруари 2017
За само еден ден билетите за премиерата на претставата ,,Ана Комена,, на велешки театар , по цена од 150 денари, се распродадоа.
Голем интерес покажаа љубителите на театарската уметност за најновата премиера на театарот ,,Јоран Хаџи Константинов Џинот,,.
Нема повеќе слободни места за петок навечер, па затоа од Велешки татар преопачуваат заинтересираните да си обезбедат билет за првата реприза, која е закажана за сабота вечер. Цената е 100 денари.
И двете се со почеток во 20ч.
Приказна во ,,Ана Комнена,, е за византиската принцеза, наследник на престолот, која не успева да застане на чело на империјата само затоа што е жена.
Авторската екипа ја најавуваат ,,Ана Комнена,, како мега проект, голема, комплексна и многу атрактивна претстава .
Автор на текстот е Сашо Димоски, режијата на Ненад Витанов и Васил Зафирчев,сценографија Валентин Светозарев, костимографија Раде Василев, музика Сашко Костов и видео-дизајн Данчо Стефков.
Улоги: Ана Комнена - Кети Борисовска, учителот - Васил Зафирчев, Алексеј Комнен - Јордан Витанов,Ирина Комнена - Весна Димитровска Бобевски, Марија Аланска - Зорица П.Панчиќ, Јован Комнен - Жарко Спасовски, Исак Комнен - Александар Велјановски, Никифор Брени - Самоил Стојановски, Петар Хермит - Фаик Мефаилоски, Дандоло - Даријан Петров, кинескиот трговец - Талија Настова, Константин Дука - Андреј Серафимовски, скомраси: Маја Љутков, Александар Ѓеоргиев, Кирил Гравчев, Марија Стефановска, Румена Шопова.
Tweet |