речник контакт

Премиерата на „Кодот на Да Винчи“ во Скопје

„Кодот на Да Винчи“ не ја воодушеви македонската публика.

Аница Солева

125 милиони вредниот „Код на Да Винчи“, на крајот од премиерата поздравен со громогласна тишина. Гледачите скржави со пофалби. „Мислам дека филмот е далеку полош од книгата иако и книгата не е доволно добра по мој вкус. Филмот е занатски добро работен, но сметам дека претенциозноста во приказната доведува до тоа во некои моменти да биде прилично здодевно“, изјави Влатко Галевски. „Филмот е обичен трилер“, вели гледач. Филмската верзија на најконтроверзниот роман на сите времиња, како што некои оценуваат, не ги исполни очекувањата на публиката. Изработен на основа на претпоставки, филмот е обична трилер приказна и бесполезно, против него, црквата го крена својот глас. Дали овој меѓународен бестселер во филмскиот свет тешко ќе се пробие и нема да ги исполни очекувањата на актерската екипа, ни преостанува да видиме. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=62888]А1[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »