Петар Печков
Објавено: петок, 20 ноември 2015
Премиерно изведена претставата ,,Дома,, на авторка Људмила Разумовскаја, адаптирана и во режијата на актерката Слободанка Чичевска.
На сцената со предизвикот на актерскиот „занает“ се соочија ученици: Марија Баркова, Сања Мирчевска, Никола Ризовски, Филип Христовски, Кристијан Јорданов, Стефан Николовски, Кире Ацевски, Петар Андреев, Зорица Зикова, Емилија Мурџева. Марија, Панзова како инспициент, светло и тон мајстор Антонио Зографски.Техничката обработка Дино Јанакиев.
Учениците работеа во соработка со наставниците по македонски јазик и литература: Весна Павлова, Цветанка Карамаркова и Соња Карбева.
Претставата е сурова, но вистинита приказна, за судбината на група млади луѓе кои во виорот на општествените и социјалните превирања во Русија остануваат без своите родители и без своите домови. Препуштени на суровата и студена безмилосност на улицата тие копнеат по својот дом.
Прославата на патронатот беше можност да се промовира химната на Гимназијата. На текст на Рациновата песна „Копачите“, музика и аранжман изработија професорите по музичка уметност Стојанче Иванов и Ване Казамбасов. Химната промотивно ја исполни хорот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ кој настапи и со композицијата „Како Вардар ќе дотечам“.
Tweet |