Петар Печков
Објавено: четврток, 09 февруари 2023
Од денес, четврток до следната среда еден нов филм на репертоарот на 3Д киноверзум Велес.
Нов филм е „Последниот танц на Magic Mike“ . Тоа е продолжение на Magic Mike XXL од 2015 година и третиот и последен дел од трилогијата Magic Mike на режисерот на Стивен Содерберг.Тој ќе се прикажува четврток, петок, сабота и вторник од 19ч.
Беше најавено и ре- изданието на Титаник, по повод 25-годишнината од премиерата, но ден пред премиерата поради технички причини филмот ќе се прикажува дополнително.
Од останатите филмови кои ќе може да ги види публиката се трилер- хоророт „Тропање во колибата“ кој од овој викенд е најгледан во САД и го смени од врвот „Аватар -патот на водата“.
Филмот кој има 11 номинации за Оскар „Се во свое време “ ќе се прикаже понеделник, навечер а „„Човекот по име ОТО“ со Том Хенкс во недела навечер. Повторно на репертоарот е „Бабилон„ со Бред Пит, кој ќе се прикажува четврток, сабота, недела и вторник во доцниот вечерен термин.
Новиот филм за непобедливите Гали Астерикс и Обеликс - средното кралство со фудбалерот Златан Ибрахимовиќ е на репертоарот сабота, понеделник и среда.
Сабота и недела на репертоарот се и три детски филмови најновиот „Мачорот во чизми- последна желба“ „Дејзи Куока: Најстрашното животно на светот“ австралиски 3Д компјутерски анимирана комедија и „Најдобриот роденден досега“.
Tweet |