lj lkjl
Објавено: петок, 01 февруари 2008
Премиерот на Владата на Република Македонија и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски во преполната салата на Општина Велес, одржа трибина со граѓаните на Велес. На трибината покрај премиерот Груевски присуствуваа и членовите на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Зоран Петрески, Петар Поп Арсов, потпретседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставревски, министерската за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протугер, државниот секретар во Министерството за Култура, Елизабета Камчева Смилевска, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од
Велес во Собранието на Република Македонија, Илија Димовски и Горан Петров и други високи функционери од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Низ трибината со наслов „Кон подобар живот за сите – Македонија на пат кон ЕУ и НАТО – Отчет на ВМРО ДПМНЕ“ се презентираа досегашните постигнати резултати во работењето на Владата и се даде најава за реализацијата на следните проекти. Со намалувањето на даноците на самиот почеток со направените чекори во земјоделието, образованието, културата, спортот и во низа други дејности.
Премиерот напомена дека ќе се намали бирократијата и ќе се привлечат странски инвеститори. Меѓудругото истакна и дека оваа година субвенциите за земјоделците изнесуваат 45 милиони евра, бројка која до сега ниту една владата ја нема понудено.
„Вложуваме многу и во здравството, а со новиот закон за лекови поевтинуваат многу лекови. Донесена е нова одлука и отворена е постапка за набавка на опрема во многу болници, клиники и други здравствени установи во вредност од 40 милиони евра, а истата се очекува да пристигне во април или мај оваа година. Вложуваме и во многу работи кои се долгорочни, како образованието, оваа година предвидено е да се започне со изградба на 100 училишта“ рече во своето обраќање Никола Груевски.
Бидејќи минатата година оваа Влада се соочи со многу предизвици, меѓу кои и корупцијата, премиерот Груевски потенцираше дека Владата води неселективна борба против криминалот, и дека сите оние кои ќе ги прекршат законските одредби без разлика на која политичка партија, верска или национална основа ќе бидат изведени пред законот и ќе одговараат за своите сторени дела.
Бидејќи нашата држава засилено ги извршува поставените задачи и успешно преминува преку сите препреки, премиерот Груевски истакна дека се поблиску сме до поканата за членство во НАТО во април на Самитот во Букурешт.
„Македонија многу скоро ќе влезе во НАТО освен ако Грција не го попречи тоа. Останува да се разреши проблемот со уставното име на Република Македонија за кој многу пожестоко ќе се бори Грција. Владата и понатаму ќе продолжи со досегашното темпо на работа“ најави премиерот Груевски.
Вицепремиерот Ставревски пред присутните Велешани ги најави двата големи проекти изработени од Владата, за кои во првиот проектот за самовработување се издвоени 6 милиони евра, а за вториот земјоделскиот кредитен фонд се издвоени 10 милиони евра. Во вториот дел на трибината граѓаните кои беа присутни во салата на Општината имаа можност да поставуваат директни прашања до Премиерот Груевски и на сите присутни функционери од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
[url=www.cdradio.com.mk]Извор: CDRadio[/url]

Tweet |