Петар Печков
Објавено: петок, 28 јуни 2024
Премиерот Христијан Мицкоски пред велешките пензионери, ја образложи денешната владина одлука за покачување на пензиите за 5000 денари, линеарно. Ова е Владина одлука е донесена на нејзината прва седница, денес.
„Пензиите ќе бидат покачени во два наврати, на 1 септември и на 1 март до година, со по 2.500 денари. Со ребалансот на Буџетот летово, ќе обезбедиме 5 милјарди денари, колку што требаат средства за целосно покачување од по 5 илјади денари. Но состојбата во Фондот, има финансиска „дупка“ од 2,5 милјарди денари, толку средства ќе бидат наменети за нејзино покривање а исто толку 2,5 милјарди за покачување. Средствата ќе се обезбедат со ребалансот, меѓу другото и со рационализација на финансови и економски директори во здравствените институции“ – кажа премиерот Мицкоски пред пензионерите во Велес.
Тој кажа дека дошол во Велес да ја образложи оваа одлука, бидејќи како опозиционер, во октомври лани, токму од средбата со пензионерите во Велес, ветил, ако дојдат на власт, а дошле, дека ќе ги покачи пензиите линеарно за пет илјади денари, колку што пензионерите бараа.
Со него беа и министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и министерката за финансии Гордан Димитриеска Кочоска.
По ова присутните поставија прашања. Така Кире Василевски, кој беше дел од протестите праша дали ќе има одговорност и како се случило 2,5 милјарди денари да има дупка во Фондот а Слободан Ников, исто так дел од ланските протести, дали се предвидени други мерки за помош за пензионерите, како субвенции за лекови.
Tweet |