Петар Печков
Објавено: недела, 19 август 2012
.
Празникот Преображение по својата смисла и значење за човечкиот род е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, покажување на неговата божественост пред најблиските ученици Петар, Јаков и Јован на Таворската Гора кратко време пред неговото страдање во Ерусалим.
Во она време Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и брат му Јован, и ги изведе во висока гора сами; и се преобрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина. И им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него.
На Преображение за прв пат се јаде грозје или друго овошје откако свештеникот ќе го отпее и благослсови. Тоа претставува и благодарност кон Бога за дадените плодови на земјата.
Tweet |