Петар Печков
Објавено: сабота, 25 декември 2010
На 25 декември Светата православна црква го празнува споменот на Свети Спиридон Чудотворец. Епископот и чудотворец Спиридон од Кипар се занимавал со земјоделие. Живеел од својот труд и ги помагал сиромашните. Многу неверници придобил кон христијанската вера. Умрел во 348 година.
Меѓу народот има повеќе легенди и верувања поврзани со името на Св. Спиридон Чудотворец, меѓу другото дека бил еснафски празник на кондураџиите, самарџиите и шарлаганџиите.
Легендата раскажува дека Св. Спиридон направил чудо на Никејскиот собор во 325 година кога за да ги демантира еретиците и Ариевците стиснал ќерамида во раката при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода.
Во Охрид и Куманово Св. Спиридон е патрон на кондураџискиот еснаф.
Tweet |