Петар Печков
Објавено: среда, 18 мај 2011
Руса Среда спаѓа меѓу подвижните празници што значи дека нема постојан датум туку секоја година го менува. Овој празник зависи од Велигден бидејќи се паѓа во средината меѓу Велигден и Духовден, но секогаш е во среда. Затоа освен Руса Среда се вика и Преполовение што значи половина од Педесетницата, односно половина до Духовден.
Бидејќи се работи за пролетен празник во народното верување е поврзан со зеленилото.
Како и да е овој ден има големо значење во животот на нашиот човек.Црквата го празнува со црковни служби како црковен празник, а пак народот со свои обичаи и верувања го издигнува на ниво на народен празник.
Tweet |