Петар Печков
Објавено: четврток, 21 декември 2023
Бидејќи два дена по ред загаденоста на воздухот во Велес ја надминува граничната вредност од 100 мг/м3 локалната власт со предупредување до граѓаните да не излегуваат на отворено во утринските и претпладневни часови, како и во вечерните.,
„Согласно последните резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 18 и 19 декември 2023 година кога се измерени концентрации од 110,85 μg/m3, односно 115,15 μg/m3. Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, Прагот за информирање од 100 μg/m3 е надминат“- соопштија од Општина Велес. Во текот на вчерашниот ден загаденоста на воздухот во Велес била 99 мг/м3. Но во попладневните часови од 16 до 22ч. имаше екстремно високи вредности
Препораки за граѓаните од локалната власт се:рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено, правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво, а не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците, да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да се одложат сите активности на отворено, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.
Според истражува ан локалната власт на Велeс, пресметките и параметрите, доминантно за загадувањето влијаат домаќинствата со 92,33 % второ е сообраќајот а третата е индустријата. Зимскиот период загадувањето е интензивно и тоа е право пропорционално со грејната сезона.
Tweet |