Петар Печков
Објавено: вторник, 20 декември 2016
Откако велешките екологисти вчера побраа локалната власт да излезе со мерки за намалување на загадениот воздух, денес надлежните препорачаа како велешани да дишат почист воздух.
Општина Велес им препорачува на граѓаните:
-Возрасните лица, малите деца, бремените жени, хроничките болни да не се движат на отворено во периодот помеѓу 17:00 и 20:00 кога има најголеми вредности на загадување.
-Да се намали употребата на возилата
-За затоплување на домаќинствата да се користат познати и одобрени енергенси како дрвото или електричната енергија, а да се избегнуваат прегорено масло, пластика и стара дограма.
Општина Велес редовно ги следи податоците за степенот на квалитет на амбиенталниот воздух. Мерењата покажуваат дека во 2016 година, заклучно со 18 декември, 95 дена биле надминати концентрациите на суспендирани ПМ 10 честички, со што Велес е на 15-тото место во државата – велат од локалната власт.
Во меѓувреме надлежните од инспекторатот извршиле надзор на сите индустриски постројки кои имаат котли и е проверена емисијата на загадување.
Tweet |